Преку преводот на 14 книги од значајни европски автори кои досега ретко биле преведувани или никогаш порано не биле преведени на македонски јазик, проектот има цел да ја зголеми циркулацијата на наградувана европска литература со висока естетска вредност, како и да го зајакне издавачкиот сектор и да го поттикне неговото закрепнување. Проектот е фокусиран на јазици што поретко се преведуваат на македонски, како и на национални европски литератури кои имаат ограничен јазично-географски потенцијал, со што проектот има дополнителна европска вредност. Тој е, исто така, посветен на поретко застапени жанрови, а особено на илустрирани книги за деца и млади читатели, графички романи, но исто така и на збирки раскази и поезија.
Делата во рамки на проектот се поврзани преку заедничкиот мотив на надежта во време на криза како универзална сила на човековото искуство, како и преку длабокиот хуманизам што преовладува во секое од нив.
Книгите од проектот „Соочување со несигурностите“ ќе бидат објавени во текот на 2024 и 2025 година.
За повеќе информации за проектот, кликнете тука.