„Тил“ од Даниел КелманПревод од германски: Катерина Јосифоска
Инспириран од фолклорните приказни, Даниел Келман во својот најнов роман гради една суптилна и сложена приказна која балансира на границите на реалноста и ја преиспитува моќта на книжевноста. „Тил“ е брилијантно дело на еден од најзначајните современи европски автори.
„Предметот на љубовта“ од Една О’Брајан Превод од англиски: Ацо Пероски
Во оваа збирка се собрани речиси сите раскази на славната ирска авторка Една О’Брајан, која претставува маркантна фигура во ирската литература на XX и XXI век. Она што ги обединува овие раскази на О’Брајан е тематиката на љубовта во сите нејзини варијации, од највозвишени до најужасни.
„Мечка страв“ од Марин БодаковПревод од бугарски: Маја Лазаревска и Дарин Ангеловски
„Мечка страв“ е поетска збирка на еден од најзначајните бугарски и европски поети на XXI век, Марин Бодаков. Стиховите на Бодаков се одликуваат со јасна едноставност, но истовремено се затворени во себе, бараат јазик за неименуваното.
„Азбуката на Моркел“ од Стијан ХолеПревод од норвешки: Јасминка Марковска
Нежна и чувствителна приказна за пријателството, за растењето и созревањето, за соочувањето со загубата. Суптилна и прекрасно илустрирана книга за млади.
„Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија ГинзбургПревод од италијански: Анастасија Ѓурчинова
Кратките романи и расказите собрани во оваа книга се одличен вовед во богатиот опус на Наталија Гинзбург. Во нив доминираат темите, стилот и наративните стратегии врз кои подоцна се изградени нејзините романи и, воопшто, нејзината поетика која ја обележува италијанската книжевност на XX век.
„Небото“ од Пиа Лејно Превод: Владимир Јанковски
„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, растечката нееднаквост во рамките на социјалната држава, моќта на технолошките иновации, потребата на луѓето да живеат во паралелен виртуелен свет, силата на десничарските националистички движења.
Приказната е сместена во поранешната престолнина на Финска, градот-држава Хелсинки, во 2058 година.
„Наслада“ од Марта ЃидоПревод од полски: Илија Трајковски
Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, во една приградска населба на Варшава, двајца млади љубовници го очекуваат новиот милениум – исплашени дека ќе настапи крајот на светот. Препуштајќи ѝ се на страста, сакаат да испробаат сè. Но нивната желба да им се противат на конвенциите ќе ја проголта и нивната врска…



