Основната цел на проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ е да се преведат на македонски и да се објават десет книжевни дела од квалитетни и наградувани европски автори.

Проектот е заснован на добро осмислен уреднички пристап и има долгорочна цел да промовира современи автори кои досега ретко биле преведувани или никогаш не биле преведени на македонски јазик и да ја зголеми циркулацијата на европска литература со високи естетски вредности.

Предложениот проект е своевидно продолжение на нашиот проект „Европски приказни на надеж“ поддржан од програмата „Креативна Европа“ во 2018 година, но исто така коинцидира со уредувачката политика на Артконект за претставување иновативни современи книжевни дела од автори кои се недоволно познати за македонската публика.

Книгите од проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ ќе бидат објавени во текот на 2021, 2022 и 2023 година.

За повеќе информации за проектот, кликнете тука.