Танцувајќи разголени и пијани на скапа свадбена веселба покрај базенот на еден луксузен пустински ресорт во Тунис, група млади и богати Англичани не можат ни да замислат дека надоаѓа финансиска криза која преку ноќ ќе ги претвори во губитници во непредвидливата игра на парите. А оттука ги дели само еден мал чекор до варварство…

„На Лишер треба да му се честита затоа што ја напишал најсмешната и најубедлива сатира за ексцентричните претерувања на луѓето кои беа одговорни за финансиската криза што започна во 2008 год.“
„Њујорк тајмс“

„Дебитантската книга на Лишер е вистинско откритие, бидејќи обработува многу сложена тема во една мала, економично раскажана новела, за чие дејствие не може да се замислат подобро избрани локации: ментална институција и пустина.“
„Шпигел“

„Дејствието на оваа фасцинантна новела е многу актуелно, но ја покажува разузданоста на капитализмот на прекрасен, класичен начин.“
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Токати, фуги и други приказни
Наслов на оригиналот: Frühling der Barbaren / Jonas Lüscher
Преведувачка: Катерина Шекутковска
Број на страници: 208
Повез: мек
Формат: 11×18 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-40-7