Потпирајќи се на античкиот концепт stasis и на средновековната политичка филозофија, Џорџо Агамбен во оваа книга се обидува да даде одговор на прашањето зошто денес граѓанската војна треба да се смета за политичка парадигма. Истражувајќи го овој проблем, Агамбен во три кратки и извонредни поглавја дава одговор за потеклото на граѓанската војна како феномен, но и за нејзините преобразби низ текот на целокупната историја на човештвото.
Избирајќи мошне необичен и оригинален пристап, анализа на книга преку илустрациите на нејзината корица, Агамбен во Stasis нуди брилијантно толкување на Левијатан од Томас Хобс, кое го надоврзува на античкото поимање на граѓанската војна и го поврзува со денешниот современ контекст. Во ова проширено издание на Stasis првпат подетално се изложува и концептот на играта како политичка парадигма – спротивна на војната, но со еднаков капацитет да ја (ре)дефинира политиката.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Седмата функција на јазикот
Наслов на оригиналот: Stasis / Giorgio Agamben
Преведувачка од италијански: Вики Младенова
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 15×23 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-57-5