Мачката Предалче ќе открие кутија во која има убаво здиплен волнен џемпер. Совршено место за дремка! Предалче задоволно ќе се склопчи во кутијата.
Моника не е свесна дека покрај џемперот, има и нешто друго во кутијата – нејзината мачка. Моника ќе ја затвори кутијата и ќе ја испрати во пошта, од каде што кутијата ќе појде на едно долго, долго патување…
А Предалче? Како ќе се справи Предалче со сето тоа?
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Бајче
Наслов на оригиналот: Zo’n dag waarop er niets gebeurt / Daan Remmerts de Vries
Превод: Маја Лазаревска
Број на страници: 36
Повез: тврд
Формат: 24 x 30 cm
Година: 2025
ISBN: 978-608-5058-24-2

