Петгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
„Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. Детството на Исус е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага.

„Најдобрите дела на Куци се вистински парадокс – на површината изгледаат неверојатно едноставни и јасни, а во суштина се нерешливи загатки. Растргнат помеѓу овие крајности, читателот секогаш е богато награден со врвно книжевно искуство. Токму затоа Куци е мајстор на својот занает.“
The New Yorker

„’Детството на Исус’ е интригантна книжевна и метафизичка загатка, но истовремено и трогателна, длабоко емотивна приказна за секојдневната борба да се преживее и да се сочува човечноста.“
Washington Post

„Чудесен спој на сократовски дијалог, библиска егзегеза, реалистичка драма и авантуристички роман… Исклучителна книга со суверена убавина и смиреност.“
New Republic

„Куци во своите најдобри дела ги преиспитува и тестира границите на романот како жанр. Овој пат го користи сето свое мајсторство за оди до крајните граници на своето експериментирање. Резултатот е уште едно дело кое може да се смета за современ класик.“
The New York Times

Прочитај извадок

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The Childhood of Jesus / J. M. Coetzee
Преведувач: Василка Пемова
Број на страници: 298
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2018
ISBN: 978-608-4852-03-2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *