Даниел Келман (1975) е роден во Минхен. Често го спомнуваат како најзначајниот автор од младата генерација во германската литература. Уште со своите први романи достигнува огромна популарност и светска слава. Добитник е на некои од највисоките германски и меѓународни книжевни награди.
Пишува проза, драми и есеи. Автор е на романите Мерење на светот, Јас и Камински, Времето на Малер, Слава, Ф. Неговиот краток роман Требаше да си одиш е објавен во 2016 година.