Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина имаме среќа, на крајот во тие кутии ќе има само неколку спомени кои сакаме да ги заборавиме засекогаш. Дали е подобро да се соочиме со себе или да ризикуваме да се изгубиме себеси?
Преплетувајќи приказни за две исклучителни жени, храбриот роман на младата исландска книжевна ѕвезда, Кристин Еириксдотир, зборува за големите трауми и малите животни радости, за сеќавањето и заборавањето на најважните мигови од животот, за неправдата која е проткаена низ нашите животи и начините да ја надминеме, или барем да научиме да живееме со неа. „Елин, разно“ е исклучително актуелно дело кое ги допира горливите прашања со кои сме принудени да се соочиме во нашиот сè попроблематичен свет.
„Главните теми во делото на Кристин Еириксдотир се копнежот по љубов и разбирање, како и борбата против излоацијата, осаменоста, насилството и стравот. Романот ‘Елин, разно’ ги обединува сите овие мотиви. Во него јасно го слушаме моќниот глас на една млада жена, преточен во комплексен и густ уметнички текст.“
Извадок од образложението на номинацијата за наградата за книжевност на Нордискиот совет
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Elín, ýmisleg / Kristín Eiríksdóttir
Преведувачка: Мери Кицовска
Број на страници: 176
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-13-1