Сула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии и предавства кои не може да се простат. Така, и двете се соочуваат со прашањето дали најдобрите пријатели, всушност, стануваат најдобри непријатели.
„Сула“ е брилијантно напишан роман што само преку неколку епизоди од животот на главните ликови успева да изгради трогателен портрет на една заедница и на длабоките превирања во душите на двете млади жени.
„Сула“ е роман за љубовта, пријателството, неверството, за тајните што не смеат да се споделат дури ни со најблиските. Прекрасно дело на Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература.

„Екстравагантно убаво и живо дело, истовремено смешно и горчливо… како крик преполн со љубов и гнев.“
„Њујорк тајмс“

„Токму во ликовите како Сула до израз доаѓаат оригиналноста и писателската моќ на Тони Морисон.“
„Нејшн“

„Роман за митските моќи на жените како мајки, заштитнички, вештерки и раскажувачки.“
„Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Sula / Toni Morrison
Преведувачка: Љубица Арсовска
Број на страници: 208
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2019
ISBN: 978-608-4852-29-2