Ласло Фелдењи (1952) е унгарски филозоф и професор по теорија на уметноста на универзитетот во Будимпешта. Автор е на голем број студии од областа на филозофијата, книжевната историја и естетиката, кои се преведени на десетина јазици. Важи за еден од најистакнатите современи есеисти и добитник е на голем број меѓународни признанија. Меѓу неговите книги, особено значајни се Меланхолија (1984), Погледот на Медуза: физиономијата на мистицизмот (2018) и збирката есеи Достоевски во Сибир го чита Хегел и бликнува во солзи (2008).