Својата кратка и брилијантна критика на рационализмот Фелдењи ја заснова на една извонредна претпоставка: Достоевски, додека ја издржувал казната во Сибир, веројатно открил едно од клучните дела на Хегел во кое се тврди дека Сибир не е дел од светската историја и затоа таму не може да се создаде никаква културна вредност. Како би реагирал Достоевски соочен со оваа осуда на ништожност, која е изречена од највлијателниот филозофски авторитет во тоа време? Според Фелдењи, отпрво веројатно бил резигниран, па дури и повреден, но потоа решил да одговори. Неговиот одговорот го имаме денес во „Записи од мртвиот дом“, „Браќата Карамазови“, „Злосторство и казна“, „Идиот“…

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Структура
Наслов на оригиналот: Dosztojevszkij Szibériában Hegelt olvassa és sírva fakad / László F. Földényi
Преведувачка: Катерина Шекутковска
Број на страници: 72
Повез: мек
Формат: 12×16 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-38-4