Во „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја следиме Јонг-хе, млада жена која, измачувана од еден кошмар, решава да престане да јаде месо. Оваа, навидум мала одлука ќе има огромни последици и целосно ќе го пресврти животот на Јонг-хе, доведувајќи ја во неочекувани конфликти со сите блиски луѓе од кои очекува поддршка.
„Вегетаријанка“ е искрен, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. Приказната за Јонг-хе е алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза.
„Алегорија, телесни преобразби, секојдневна битка за преживување – како да не помислиме на Кафка додека го читаме овој прекрасен, субверзивен роман? ’Метаморфоза‘, ’Уметник во гладување‘ и дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ ’Вегетаријанка‘.“
„Њујорк Тајмс“
„Сензуален, провокативен, жесток, преполн со моќни слики, зачудувачки бои и вознемирувачки прашања – реченица по реченица, ’Вегетаријанка‘ е исклучително книжевно искуство.“
„Гардијан“
„Неверојатен и трогателен роман кој на нашата брутална секојдневна реалност одговара со зачудувачки разумни постхумани фантазии.“
„Тајмс“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The Vegetarian / Han Kang
Број на страници: 184
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-37-7