„А Бабукар одеше на чело“ е современа италијанска приказна за четворица млади луѓе од различни африкански земји, кои едно лето ќе се најдат во Перуџа во потрага по поубава илузија.
Оваа дводневна приказна е тивка тензија. Фатена и пресликана стварност, навидум банална.
Во низа епизоди романот раскажува за недофатливата нормалност на достоинствениот живот и за она што имигрантскиот живот го содржи: стравовите, желбите, носталгијата.
Романот „А Бабукар одеше на чело“ од Џовани Доѕини е италијанскиот добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2019 година.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Е Baboucar guidava la fila / Giovanni Dozzini
Преведувачка: Калина Јанева
Број на страници: 152
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-35-3