„Црно сонце“ припаѓа во раното творештво на Јулија Кристева, во кое авторката го комбинира својот суштински интерес за психоанализата со истражувања од областа на лингвистиката, естетиката, семиотиката и книжевната теорија.
Првите неколку есеи се посветени на преиспитување на стандардната психоаналитичка и психијатриска разработка на депресијата и меланхолијата преку оригинален пристап што главно се темели на семиотиката. Во другите есеи, пак, Кристева ги анализира уметничките претстави на депресијата и меланхолијата во сликарството и во книжевноста.
„Црно сонце“ е исклучително важна книга во поглед на разбирањето на интердисциплинарниот пристап во толкувањето на уметноста. Особено значаен е аналитичкиот дел во кој различни уметнички дела се разгледуваат низ комплексна методолошка призма. Кристева ги анализира сликите на Холбајн, романите на Достоевски и на Дирас, како и поезијата на Нервал, нудејќи оригинални и креативни толкувања и воспоставувајќи импресивен методолошки апарат.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Седмата функција на јазикот
Наслов на оригиналот: Soleil noir / Julia Kristeva
Преведувач: Елисавета Поповска
Број на страници: 312
Повез: мек
Формат: 15×23 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-39-1