„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и професорот Сигмунд Фројд во месеците пред почетокот на Втората светска војна. Франц се доселува во главниот град на Австрија и наоѓа работа во една од виенските трафики. Фасциниран од привлечноста на новиот живот во големиот град, младичот истовремено се соочува и со сè посилниот замав на нацизмот.
Зеталер мајсторски ја опишува Виена во 1937 година, оживувајќи ги сцените од градскиот живот и внесувајќи цела галерија незаборавни споредни ликови. Токму преку приказните за овие навидум неважни, споредни луѓе зафатени од вителот на историјата, Зеталер вешто ја испишува својата критика на национализмот и својата пофалба на храброста на сите оние што имале сила да му се спротивстават.
„’Трафикант’ е прекрасна и трогателна приказна за младоста во мрачни времиња, приказна за мудроста, храброста и непокорноста пред злото. Прекрасно дело кое сосема заслужено ги добива пофалбите од критиката и симпатиите на читателите низ светот.“
„Дејли мејл“
„Роберт Зеталер брилијантно ги преплетува трагедијата и хуморот во драматичен горчливо-сладок приказ на судирот меѓу младешките идеали и безмилосната реалност.“
„Гардијан“
„Со голема леснотија и прецизност Зеталер успева да опише како созревањето и стекнувањето мудрост го збогатуваат, но исто така и го усложнуваат животот.“
„Шпигел“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Der trafikant / Robert Seethaler
Преведувач: Катерина Јосифоска
Број на страници: 224
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-42-1