„Сината е најтоплата боја“ е приказна за љубовта меѓу две девојки. Животот на Клементина доживува пресврт кога ја запознава Ема, млада девојка со сина боја на косата, која ѝ ги открива сите лица на страста и ѝ овозможува да се соочи со погледите на другите луѓе. Ова е нежна и чувствителна приказна.
Графичкиот роман зборува за чувствителните години на созревањето и првите заљубувања, за судирот помеѓу индивидуата и околината, за слободата и мечтаењето, како и за оние ретки љубови што засекогаш ни го обележуваат животот.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Најтоплата боја
Наслов на оригиналот: Le bleu est une couleur chaude / Jul’ Maroh
Преведувач: Филип Илиев
Број на страници: 160
Повез: мек
Формат: 22 x 32 cm
Година: 2021
Илустрирано издание
ISBN: 978-608-4852-46-9