„Ада или жар“ е книжевна провокација што ги доведува во прашање темелите на романот како жанр, но и границите на самата книжевност. Пишуван и преработуван цели десет години, романот е врв на зрелото творештво на Владимир Набоков – започнува како класична семејна сага во манирот на Толстој, но брзо се трансформира во стилски експеримент во кој се преплетуваат љубовни мотиви, митски алузии, фантастични елементи, филозофски есеи за суштината на времето… Во таа смисла, ова несомнено е најсложениот текст на Набоков, и тоа во „конкуренција“ на „Блед оган“, „Пнин“, „Погледни ги арлекините“, па дури и „Лолита“. Всушност, зборувајќи метафорично, „Ада“ е постарата, лукава книжевна сестра на „Лолита“, грандиозно ремек-дело на еден од најголемите автори на XX век.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Шумот на времето
Наслов на оригиналот: Ada or Ardor / Vladimir Nabokov
Преведувачки: Марија Гиревска и Марија Јонес
Број на страници: 680
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-49-0