Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство и посакува убава иднина за своите деца. Одеднаш, неговиот живот целосно се менува и тој е соочен со интриги, кавги и загуби на блиски луѓе. Сето тоа кулминира кога без своја волја ќе биде вмешан во криминален скандал што води до самиот врв на индиската влада, непосредно во деновите пред почетокот на војната меѓу Индија и Пакистан.
Толку долго патување е приказна за битката што ја води човек за да го зачува своето достоинство во бурни и нечесни времиња. Раскажан во класичен манир, ова е богат, живописен и трогателен роман, награден со признанието за најдобро книжевно дело што го доделува генералниот гувернер на Канада, како и со наградите „Комонвелт“ и „В. Х. Смит“.

„Рохинтон Мистри е исклучителен писател… Со стрпливост и со топол хумор, тој пишува како да слика портрет, прикажувајќи ги ликовите со толку грижа и разбирање што нивните искушенија стануваат наши трагедии.“
Тајм

„Роман што варира од политичка сатира до длабока семејна сага, напишан преку јасни и прецизни епизоди кои, иако се позајмени од историјата, понекогаш изгледаат почудно од фикција.“
Њујорк Тајмс

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Such a Long Journey / Rohinton Mistry
Број на страници: 424
Повез: мек
Формат: 14×20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-47-6