„Најдобри намери“ е семејна сага и прекрасна љубовна приказна напишана од еден од најголемите режисери на XX век. Инспириран од реални настани, ова е хибриден роман што спојува нарација, сценарио и мемоар, а ја раскажува приказната за првите брачни години на родителите на Бергман.
Во „Најдобри намери“ Ингмар Бергман го покажува својот врвен книжевен талент, плетејќи сложена приказна што функционира на повеќе нивоа, но тоа е, пред сè, приказна за љубовта како чудо само по себе, најчесто необјасниво и неразбирливо, но поврзано со нашите најважни животни одлуки.
Според романот во 1992 година е снимен и филм, награден со „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Шумот на времето
Наслов на оригиналот: Den goda viljan / Ingmar Bergman
Број на страници: 384
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2021
Илустрирано издание
ISBN: 978-608-4852-55-1