„Наслада“ e роман на полската авторка Марта Ѓидо награден со Наградата за литература на ЕУ во 2019 година.
Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век, во една приградска населба на Варшава, двајца млади љубовници го очекуваат новиот милениум – исплашени дека ќе настапи крајот на светот. Препуштајќи ѝ се на страста, сакаат да испробаат сè. Но нивната желба да им се противат на конвенциите ќе ја проголта и нивната врска…
„Наслада“ е роман љубопитен за сите форми на љубовта и за можноста да се љуби отворено и искрено, дури и кога луѓето не веруваат дека нивната љубов може да опстане.

„’Наслада’ е љубовна приказна за страста и за привлечноста која е толку силна, што ги надминува границите на просторот и времето и на крајот создава сопствена верзија на стварноста.“
Критика политична

„Овој роман е љубовно писмо долго стотина страници. Авторката вешто и искрено раскажува за искусувањето на страста, за љубовта која никој не ја нарекува со вистинското име.“
Газета виборча

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Frajda / Marta Dzido
Преведувач од полски: Илија Трајковски
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-54-4