Кога автомобилот на Лоа ќе се расипе на едно место надвор од градот, мажот што живее во близина ќе се понуди да ѝ помогне. Подоцна тој ја поканува во својот дом и Лоа утрото се буди кај него со чувство на вина поради тоа што ги оставила своите две ќерки да преноќат сами. Наскоро следува шок – таа открива дека Свеин, човекот што ѝ помогна, се занимава со изработка на силиконски секс-кукли. Восхитена од привлечноста на една од неговите креации, во краток миг на занес, Лоа ја краде куклата за да ѝ ја подари на својата болна ќерка. Тоа е почетокот на вртоглавите настани поради кои и Лоа и Свеин ќе мора да редефинираат многу нешта поврзани со нивните животи.

„Оваа книга го содржи она што ја создава вистинската магија на сериозната проза: приказна што слободно се движи и дише додека на читателот му поставува сериозни прашања… прашања на кои нема едноставни одговори.“
„Бокментир“

„Романот потсетува на делата на Куци и Лаури поради начинот на кој се занимава со човековото страдање.“
„Ворлд прес“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Skaparinn / Guðrún Eva Mínervudóttir
Преведувачка од исландски: Мери Кицовска
Број на страници: 280
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-56-8