Поезијата доаѓа исклучиво од внатрешноста на поетот. Сопствениот глас – вклучително и она што го нарекуваме, во најдлабока смисла на зборот, стил – не се избира туку е составен дел од она што ние веќе сме. Секој поет го досегнува тој глас барајќи го внатре во себе основниот материјал, кој сигурно бил создаден за време на детството и отпосле останал затскриен – некогаш дури и засекогаш – за време на пубертетот и раната младост и врз кој животот го таложи, згора на сè, широкото поимање на употребата на општите места.
Поетот, уметникот, музичарот е некој што има среќа – или несреќа – да живее едновремено и на површината и под нивото на подземните води на животот.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: animula vagula blandula
Наслов на оригиналот: Un hivern fascinant / Joan Margarit
Препев: Наташа Сарџоска
Број на страници: 64
Повез: мек
Формат: 16×22 cm
Година: 2021
ISBN: 978-608-4852-58-2