Жан-Жан работи како дел од обезбедувањето во еден гигантски супермаркет; неговиот живот е монотон и без перспективи, заплеткан во бесконечната хиерархија на шефови и заглавен во бездушниот свет на џиновскиот маркет на чии ѕидови вечно бдее портретот на мистериозните браќа Ајхман. По игра на случајноста, Жан-Жан ќе биде одговорен за трагичната смрт една касиерка, чии четири деца, луѓе-волци, се подготвена на сè за да ја одмаздат мајка си.
„Прирачник за преживување наменет за некадарни“ е дистописки роман за еден свет каде маркетингот паразитира врз сите сфери на животот, каде супермаркетот станал консумеристички храм и крајна точка на милениумската еволуција на видовите. Проткаена со елегантен цинизам и црн хумор, оваа книга лебди меѓу жанровите и преку фантастиката бескомпромисно ја критикува апсурдноста на времето во кое живееме.

„Во ‘Прирачник за преживување наменет за некадарни’ црниот хумор на Гунзиг прецизно ги предочува ужасите на неуморниот прогрес на човечкото општество. Тој фрла сулфурна киселина таму каде што најмногу боли. И тоа е добро!“
„Ел“

„Гунзиг нè води во свет кој истовремено е смешен и мрачен, очигледно инспириран од пренагласеното насилство во популарните филмови. Но неговиот роман е триумф на имагинацијата: безмилосен, жесток, застрашувачки добар.“
„Ле монд“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Manuel de survie à l’usage des incapables / Thomas Gunzig
Преведувач: Филип Илиев
Број на страници: 272
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-60-5