Кишот e средовечен патувачки трговец со лекови и зависник од телевизиски емисии, кој тргнува на пат низ Америка со својот (измислен) син Санчо. Додека се бори да ја освои љубовта на мис Салма Р, се вплеткува во низа трагикомични ситуации во „Ерата во која сè е можно“, додека расните судири и трговијата со дрога се само дел од факторите што го раскинуваат американското општество. Салман Ружди игра со уште еден лик: Авторот, кој пишува за Кишот, чиј живот неосетно се движи во паралела (или се пресекува) со животот на Кишот и неговиот измислен син.
„Кишот“ е прекрасен омаж на „Дон Кихот“, мајсторски напишан роман во роман, во кој жанровите постојано се мешаат, фактите и измислиците веќе не може да се разликуваат, а границите меѓу реалноста и фантазијата не постојат. „Кишот“ исто така е и пародија на нашето време, но и приказна за една тажна и истовремено возвишена потрага по ретките благородни нешта што сè уште ги има на овој свет.

„Токму како ‘Дон Кихот’, ‘Кишот’ е исклучително сложено книжевно дело, предизвик за читателите каков што Салман Ружди ни нуди во своите најдобри романи.“
„Тајмс“

„Роман што истовремено е авантуристичка on the road приказна, шпионски трилер, научна фантастика, магичен реализам, љубовна драма… И сето тоа функционира совршено.“
„Индепендент“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Quichotte / Salman Rushdie
Преведувач: Милан Дамјаноски
Број на страници: 472
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-63-9