Зорница Христова е родена во 1974 година во Добрич, Бугарија. Дипломирала на Англиски и американски студии на Универзитетот во Софија, а специјализирала на Универзитетот во Оксфорд. Работела како преведувач и уредник, преведувајќи автори како Џулијан Барнс, Џампа Лахири, Роберт Фрост, Дон ДеЛило и Тони Џат.
Во 2010 година почнува да пишува книги за деца. За нејзините книги Вкусот на географијата (во соработка со Десислава Димитрова и др.) и Кога сакам да молчам (во соработка со Кирил Златков) ја добива националната награда Христо Г. Данов за најдобра детска книга на годината. Книгата Кога сакам да молчам во 2017 година е објавена во Белорусија, Русија и Украина од издавачот Попури. Градска географија (во соработка со Д. Димитрова) е вклучена во каталогот White Ravens и во 2018 година ќе биде објавена од издавачката куќа Креативни центар, Србија.
Зорница е соосновач на издавачката куќа Точица од Софија. Мајка на Ана, 15, и Ниа, 6.

Книги во издание на Артконект

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *