Збирката „Угризи“содржи педесетина прози што жанровски може да се определат
како кратки кратки раскази, жанр во којшто Андреј Блатник е вистински мајстор
на раскажувањето. Заедничко на расказите во книгата им е тоа што се фокусираат
врз судбински, пресвртни моменти во кои се наоѓаат главните ликови, кога секој
избор што треба да го направат се чини погрешен.
Иако расказите од „Угризи“ се замислени како скици или кратки сцени со отворен
крај, тие пулсираат со драматичност и имаат емотивен интензитет на роман. И
токму ова ги расказите на Блатник толку привлечни за читање и
препрочитување.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Токати, фуги и други приказни
Наслов на оригиналот: Ugrizi / Andrej Blatnik
Преведувачка: Лидија Димковска
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 11×18 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-64-3