Боровите острови истовремено е поетичен и смешно-ироничен роман за средбата со непознатото. Гилберт Силвестер, доцент чија научна кариера не е баш успешна, се буди од страшен кошмар и заминува во Јапонија, што е можно подалеку од сопругата која наводно го изневерува. Во Токио, тој ги купува патописите на јапонскиот поет Башо и решава самиот да тргне на патување како јапонските монаси, во потрага по единство со природата. Сепак, по случајната средба со младиот студент Џоса Тамагочи, неговото патување целосно ќе се промени.
„Романот Боровите острови го истражува модерниот начин на живот, откривајќи ја спокојната убавина што се крие зад маската на црниот хумор.“
Ајриш тајмс
„Марион Пошман открила еден прекрасен јазик за Боровите острови, лаконски, транспарентен како уметничко дело од јапонската лак-техника, кое со повторното нанесување и полирање на нови слоеви добива дополнителна длабочина.“ Франкфуртер алгемајне цајтунг
„Оваа чудесна книга на Пошман поседува аура на неоткриена грандиозност.“
Гардијан
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Die Kieferninseln / Marion Poschmann
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-68-1