Малиот Мудар Волк по цели денови чита дебели книги, ги проучува ѕвездите, учи – и знае сè! Толку е зафатен што нема време да се дружи со другите животни. Но, еден ден Малиот Мудар Волк ќе тргне на долг и тежок пат и ќе научи нешто ново – само со помош на љубезноста, знаењето ја достигнува својата највисока вредност.

Прекрасно раскажана и вешто илустрирана, оваа приказна нè потсетува дека секој е единствен и добар во нешто, но само заедно можеме да оствариме сè.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Бајче
Наслов на оригиналот: Kleine Wijze Wolf / Gijs van der Hammen
Број на страници: 38
Повез: тврд
Формат: 29 x 24 cm
Година: 2022
Илустрирано издание
ISBN: 978-608-4852-71-1