„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, растечката нееднаквост во рамките на социјалната држава, моќта на технолошките иновации, потребата на луѓето да живеат во паралелен виртуелен свет, силата на десничарските националистички движења.
Приказната е сместена во поранешната престолнина на Финска, градот-држава Хелсинки, во 2058 година. По граѓанската војна, општеството е драстично променето, а власта ја има преземено националистичкото движење наречено Светлината. Сите граници се затворени, контактот со надворешниот свет не постои и веќе никој нема визија за посветла иднина. Наместо тоа, Светлината на своите граѓани им ја нуди можноста дел од своето слободно време да го поминат во виртуелно создадениот свет наречен Небото. Токму во тој виртуелен свет, младиот научник Аксели ја среќава Ина. Нивната љубов ќе предизвика промени што ги надминуваат границите на една обична љубовна приказна.
„’Небото’ е исклучителен повеќеслоен роман. Во него се анализираат неколку феномени карактеристични за нашето време и се предвидува што може да произлезе од нив. Романот не се занимава само со политички теми, туку и со психологијата на човекот. Авторката ги користи главните ликови за да отвори теми поврзани со родот, со сликите што самите ги создаваме за себеси, со игрите на моќ меѓу луѓето и за тоа како можеш да почнеш со едни претпоставки, а да завршиш со целосно различни толкувања и заклучоци.“
„Хелсингин саномат“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Taivas / Piia Leino
Број на страници: 240
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-69-8