Наближува Божик и десетгодишната Јас е загрижена за својот зајак, зашто мисли дека нејзините родители сакаат да го зготват за божикната вечера. Затоа, Јас ќе посака наместо зајакот, да умре нејзиниот најстар брат Матис. Кога желбата ќе ѝ се исполни, целокупниот свет на Јас и на нејзиното семејство ќе биде распарчен и втурнат во мракот на безнадежноста.
Мачен и вознемирувачки, „Неугодноста на квечерината“ е роман за обидите да се соочиме со тагата, загубата и бесмислата што проголтува сè. Комбинирајќи префинет, поетски стил и брутални сцени, Марике Лукас Рејнефелд се обидува да ја употреби моќта на книжевноста за да го вознемири читателот и да го соочи со емотивниот понор на ликовите.
„’Неугодноста на квечерината’ е мрачна приказна за распадот на едно традиционално семејство погодено од смрт на дете. Романот ја користи оваа основа за да пренесе шокантни сцени на насилство и длабинско психолошко портретирање на ликовите.“
„Њујорк Тајмс“
„’Неугодноста на квечерината’ е напишан со прекрасен и течен, речиси треперлив стил кој не ви дозволува да ја оставите книгата и покрај срцето на темнината во кое таа ве вовлекува.“
„Гардијан“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: De avond is ongemak / Marieke Lucas Rijneveld
Број на страници: 238
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-70-4