„Овие стихови бараат јазик за неименуваното. Го присилуваат заглушениот молк да проговори. Врескаат сами на себе и ни допуштаат да ги чуеме. Без ништо да дообјаснуваат. Се трупаат кон внатре, наместо да се разгрануваат кон надвор. Експлодираат како имплозии. Внатре во основните честички на материјата кои се наоѓаат истовремено секаде и никаде. Затоа што тие се, всушност, енергија. Не се ловат од размислата што демнее, туку само од шестото сетило ослободено од неа. Не бараат читател за да го убедуваат во некакви вистини од нив откриени/вистини откриени од нив. Како што изгланцаниот камен не бара ничиј поглед. Едноставно постои. Поезијата, вели Карл Сандберг, е дневник на морско животно што живее на копно, а сака да лета во воздухот.
Ми се чини дека поетот Марин Бодаков се оддалечува од нас сè повеќе. И со самото свое оддалечување нѐ повикува зад себе. Таму каде што тргнал нема крајпатни знаци.“
Александар Шурбанов
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: animula vagula blandula
Наслов на оригиналот: Мечка Страх / Марин Бодаков
Препев: Дарин Ангеловски и Маја Лазаревска
Број на страници: 72
Повез: мек
Формат: 16×22 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-74-2