На почетокот на XVII век, кога историјата и митологијата сè уште се преплетени, кога сè уште не постои јасна граница меѓу магијата и науката, кога сè што знаат луѓето се гладот и војната, на сцената на опустошената Европа стапува Тил, комедијант, акробат и дворски шут. Започнувајќи го своето патешествие од едно мало германско село, па стигнувајќи сè до кралските дворови на големите владетелски династии, Тил се обидува да ги открие големите загатки на животот за љубовта, моќта, знаењето, среќата, а притоа, сосем случајно, ја открива бесмртноста.
Инспириран од фолклорните приказни за легендарниот Тил Ојленшпигел, Даниел Келман во својот најнов роман гради една суптилна и сложена приказна која балансира на границите на реалноста и ја преиспитува моќта на книжевноста. Тил е брилијантно дело на еден од најзначајните современи европски автори и, несомнено, досега најдобриот роман на Келман.
„Тил е брилијантен и незаобиколен роман. Келман ја продолжува германската традиција на раскажување приказни која досегнува сè до браќата Грим, па и подалеку.“
Салман Ружди
„Во овој извонредно напишан роман, Келман вешто се движи низ најмрачните човекови искуства. Резултатот е волшебно сеќавање на една безимена душа изгубена во европското минато, чијшто шепот најдобро се слуша во митовите.“
Њујорк тајмс
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Tyll / Daniel Kehlmann
Превод од германски: Катерина Јосифоска
Број на страници: 336
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-73-5