Во „Офицери, слугинки и оџачари“ словенечкиот филозоф Младен Долар се фокусира на критика на структуралистичкиот модел на промислување во (бинарни) опозиции. Анализата на Долар тргнува од една енигматична забелешка на Кјеркегор дека човековиот род може да се подели на офицери, слугинки и оџачари, при што она што предизвикува чудење е третиот член во низата: ако офицерите и слугинките се традиционалните улоги на машкиот и женскиот пол, што се тогаш оџачарите и која е нивата функција? Долар се фокусира на овој неизбежен „додаток“ во низата и го гледа како место каде контингенцијата се спојува со универзалноста.

Преку преиспитување на клучните точки од теориите на Фројд, Лакан и Хегел, во „Офицери, слугинки и оџачари“ се разгледува цела низа значајни прашања за проблемот на културата во психоанализата, за психоанализата и политиката, за несвесното, за Другиот, за негацијата…

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Седмата функција на јазикот
Наслов на оригиналот: Oficirji, služkinje in dimnikarji / Mladen Dolar
Број на страници: 352
Повез: мек
Формат: 15×23 cm
Година: 2022
ISBN: 978-608-4852-76-6