„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и разбирањето на историјата. Централна фигура во романот е професорката Елизабет Финч, која поради своите шарм, интелект и сфаќања е омилена помеѓу студентите. Нејзините белешки, записи и дневници остануваат кај еден од нејзините поранешни студенти, кој ќе биде поттикнат длабоко да ги промисли љубовта, пријателството и вистината.
Во својот најнов роман, наградуваниот автор Џулијан Барнс ги преиспитува границите на жанрот биографија, преплетувајќи ги фактите со фикција и истовремено истражувајќи ги филозофијата и промислувањето на историјата. „Елизабет Финч“ е роман за амбивалентноста, за преиспитувањето на нашите претпоставки и на нашите претстави за себе.
„Интригантно, суптилно и вешто напишано истражување на љубовта, тагата и колективните митови на историјата. Барнс додава уште една исклучителна книга во својата богата библиографија.“
„Буклист“
„’Елизабет Финч’ е едно од најдобрите и, секако, едно од најамбициозните дела на Џулијан Барнс.“
„Телеграф“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Elizabeth Finch / Julian Barnes
Превод од англиски: Љубица Арсовска
Број на страници: 224
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-79-7