Викторина е убедена дека нејзините другарчиња на училиште се однесуваат неубаво со неа затоа што е различна од нив и чудна. „Како ли им успева на другите деца? Како е можно да се толку слатки и забавни?“ Овие мисли ја измачуваат, но таа не се осмелува да ги сподели со никого. Освен со мачката и со едно дрво на нејзината улица, кои се обидуваат да ѝ помогнат. Дури кога ќе започне летото, Викторина ќе ја открие својата слобода и ќе најде мир.
„Викторина“ е топла и суптилна книга која им нуди охрабрување на децата што минуваат низ тежок период. Илустрирана со прекрасни цртежи, оваа сликовница зборува за надминувањето на осаменоста и за откривањето на убавината во себе.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Бајче
Наслов на оригиналот: Victorine / Jet van Overeem & Annemarie van Haeringen
Превод: Маја Лазаревска
Број на страници: 36
Повез: тврд
Формат: 18 x 25 cm
Година: 2023
Илустрирано издание
ISBN: 978-608-4852-78-0