Нариман Вакил, пензиониран професор, ќе биде принуден поради здравствени проблеми да живее со семејството на ќерка си. Кога старецот се вселува во новиот дом, животите на сите членови на семејството драстично се менуваат, а нивните сфаќања за семејните обврски одеднаш добиваат нови димензии и значења.
„Семејни врски“ е роман напишан во стил на класична семејна сага, исполнет со низа пресврти и детално психолошко портретирање на ликовите. Авторот се држи до реализмот како главна раскажувачка стратегија, сакајќи на тој начин да ги долови најситните аспекти на семејниот, но и на општествено-политичкиот живот во современа Индија.

„’Семејни врски’ е напишан во манирот на големите романи на XIX век, исполнет со несентиментална нежност и зачудувачки прецизни описи на човековите желби, стравови и соништа.“
„Тајм“

„Прекрасно дело во кое мошне луцидно се истражува сложеноста на семејниот живот… Роман исполнет со голема мудрост и убавина.“
„Опсервер“

„Мистри пишува трпеливо, внимавајќи на јазикот, структурата и деталите и со својата проза потсетува на Толстој или на Тагоре.“
„Сан Франциско кроникл“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Family Matters / Rohinton Mistry
Број на страници: 542
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-81-0