„Предметот на љубовта“ е збирка раскази во која се собрани најуспешните куси прози на Една О’Брајан. Триесетината раскази во книгата се пишувани во период од половина век и нудат, меѓу другото, прекрасен книжевен портрет на Ирска, но и низа универзални теми кои се актуелни за современиот читател. Расказите на О’Брајан ги тематизираат растењето и созревањето, класните разлики, семејниот живот и, секако, љубовните односи на ликовите. Богатството на темите, начинот на кој се градат ликовите, разноликоста на стилот и јазикот и социјалната критика која варира од хумор до трогателни сцени го докажуваат мајсторството на Една О’Брајан во жанрот на расказот, потврдувајќи ја како една од најзначајните современи писателки од англиското говорно подрачје.

„Брилијантно и незаборавно… меѓу овие раскази постои хармонија која од нив сочинува целина.“
„Њујорк Тајмс“

„О’Брајан поседува префинето чувство какво што имаат само најголемите уметници – нејзините дела ја поседуваат генијалноста на композициите на Моцарт. Вистинските зборови обликуваат совршени реченици и совршени приказни, кои ја изведуваат својата магиска алхемија во душата на читателот. Има нешто чудесно во сето тоа.“
„Ајриш Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА

Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The Love Object / Edna O’Brien
Број на страници: 568
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-83-4