Петнаесетгодишната Клара замислува дека ја очекува најубавиот Божиќ во нејзиниот живот, кој ќе го помине на Канарските Острови. Но, кога нејзините родители ќе отпатуваат сами и ќе ја остават Клара со баба ѝ, нејзините соништа ќе бидат разурнати. Згора на сè, се подготвува училишната забава за Божиќ, а момчињата како да не ја забележуваат Клара и како да не сакаат да ја поканат да одат заедно. И кога сè изгледа најмрачно, Клара полека ќе почне да разговара со своите постари роднини, кои имаат да ѝ раскажат многу необични и интересни приказни за нивните животи и за нивното семејство.
„Локална шега“ е прекрасен, смешен и топол роман за тинејџери и за сите кои некогаш биле тинејџери. За оваа книга, исландската авторка Бриндис Бјоргвинсдотир ги има добиено највисоките книжевни признанија во Исланд, вклучувајќи ја и престижната „Исландска книжевна награда“ за 2015 година.


ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА

Едиција: Бајче
Наслов на оригиналот: Hafnfirðingabrandarinn / Bryndís Björgvinsdóttir
Превод: Мери Кицовска
Број на страници: 392
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-82-7