Краткоста на чудесните стихови во оваа книга прави тие да се фокусирани на суштината, а не на излишното. Овие лирски партикули, гномични и сентентични, палаво игриви и проникливо умни, како да настанале под диктатот на една исклучителна чувственост и свесност за контрадикторностите што ги препознаваме во и вон себе. Секоја песна е како клучалка низ која фрламе поглед врз некаква вистина, процес кој и нас нè отклучува и ослободува.

Дарин Ангеловски

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: animula vagula blandula
Наслов на оригиналот: Трохи на хартия / Марий Росен
Препев: Маја Лазаревска
Број на страници: 86
Повез: мек
Формат: 14×14 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-89-6