Стокхолм, 1794 година: Шведска ја преживува една од најголемите кризи во својата историја, политичките сплетки и тензии се заоструваат и се чини дека нештата никогаш нема да станат подобри. Градскиот чувар Микел Кардел е очаен по загубата на својот најдобар пријател и полека ја губи волјата за живот, сè додека една жена не го замоли да ја истражи суровата и мистериозна смрт на нејзината ќерка.
Надоврзувајќи се на настаните од својот претходен роман, „1793“, Никлас Нат о Даг повторно пишува одлично смислена комбинација од политичко-историски роман, готска фикција и трилер, исполнета со шокантни сцени и впечатливи ликови.
„Во ‘1794’ Нат о Даг повторно ги комбинира жанровите на историски роман и трилер, градејќи впечатливи и силни ликови втурнати во брза и динамична приказна.“
„Паблишерс викли“
„Со многубројните пресврти, атмосферата и таинствениот заплет, ‘1794’ потсетува на најдобрите детективски приказни за Шерлок Шолмс.“
„Њуздеј“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: 1794 / Niklas Natt och Dag
Број на страници: 424
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-86-5