Деветгодишната Пампа Кампана прерано ќе се соочи со ужасната суровост на војната и со тежината на загубата, но траумата што ја доживува ќе ја доведе во чудесен допир со божицата која го носи истото име како неа. Во следните двесте и педесет години Пампа целосно ќе ја промени историјата на својата земја, создавајќи го легендарниот Град на победата во кој ќе ја зачне најмоќната индиска империја.
Замислен како современа преработка на древен еп, „Градот на победата“ е триумфално дело на еден од најдобрите раскажувачи во светот, Салман Ружди. Историјата во овој роман е само заднина врз која се истражуваат личните таги, интимните радости и скриените стравови. „Градот на победата“ е историски роман за надминувањето на историјата и за победата над траумите, бидејќи зборовите се единствениот победник.
„Спонтаната и незадржлива сила на раскажувањето во ‘Градот на победата’ уште еднаш докажува зошто делата на Салман Ружди секогаш ќе бидат значајни.“
„Њујорк Тајмс“
„Исполнет со магија, чуда, тага и хумор, ‘Градот на победата’ ги истражува сите големи животни прашања за да одговори што е тоа што нè прави луѓе.“
„Си-ен-ен“
„’Градот на победата’ е роман инспириран од митологијата и од древните епови, напишан како бајка што зачудува, но истовремено и јасно упатува на нашиот современ свет.“
„Тајм“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Victory City / Salman Rushdie
Преведувач: Екатерина Бабамова
Број на страници: 392
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-88-9