Краткиот роман „Епизода од животот на еден патувачки сликар“, објавен во 2000 година, е едно од најпознатите и најпреведуваните дела на Сесар Аира. Романот се потпира на историска заднина: патувањето на славниот германски пејзажист Јохан Мориц Ругендас во Јужна Америка, поточно неговата посета на Аргентина во 1837 година. Кршејќи го биографско-документаристичкиот жанр со надреалистички книжевни постапки, Аира во овој краток текст нуди прекрасна книжевна медитација во манирот на најдобрите постмодернистички јужноамерикански литературни достигнувања.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Структура
Наслов на оригиналот: Un episodio en la vida del pintor viajero / César Aira
Преведувачка: Катерина Јосифоска
Број на страници: 142
Повез: мек
Формат: 11×18 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-87-2