Дејството на „Мали нешта како овие“ е сместено во 1985 година во Ирска и e инспирирано од вистински настани. Главниот лик, трговецот со јаглен Бил Фурлонг, мора да побрза за навреме да ги достави своите нарачки пред почетокот на празничните денови. Доставувајќи јаглен во локалниот манастир, Фурлонг сосем неочекувано ќе наиде на тајна која се чини дека ја знаат сите во градот освен тој.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Структура
Наслов на оригиналот: Small things like these / Claire Keegan
Преведувачка: Калина Малеска
Број на страници: 142
Повез: мек
Формат: 11×18 cm
Година: 2023
ISBN: 978-608-4852-85-8