Откако безживотното тело на Рита ќе биде откриено во една црква, полициските инспектори бргу ја затвораат истрагата сметајќи дека станува збор за самоубиство. Но Елена, мајката на Рита, знае дека ќерка ѝ умрела во чудни околности и никако не сака да се откаже од намерата да ја открие вистината, дури и ако тоа мора да го плати со својот живот.
Овој криминалистички заплет е само трик со кој Клаудија Пињеиро го вовлекува читателот во светот на романот „Елена знае“, каде всушност го соочува со прашањата за мајчинството, за смртноста и за слободата на избор.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Elena sabe / Claudia Piñeiro
Превод: Катерина Јосифоска
Број на страници: 136
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-4852-93-3