„Библиотеката во ноќта“ е амбициозен, но непретенциозен обид да се опише улогата што ја одиграле библиотеките во развојот на човековата цивилизација. Варирајќи меѓу историја, книжевна критика, филозофска рефлексија и есеистика, Алберто Мангел создава уникатен текст кој е исклучително читлив и привлечен, но истовремено и комплексен, длабок и содржаен. Поаѓајќи од својата очигледна љубов кон книгите, читањето и кон библиотеките, авторот го води читателот низ клучните точки на развојот на библиотеката како институција, но и како составен дел од нашиот секојдневен, домашен живот. Во таа панорамска перспектива, која тргнува од древните свитоци во стариот Египет и завршува во ерата на електронските публикации, ги откриваме фасцинантните начини на кои библиотеките, и книгите воопшто, ги обликувале човештвото и светот такви какви што ни се познати денес.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: The library at night / Alberto Manguel
Број на страници: 348
Повез: мек
Формат: 15 x 23 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-4852-92-6