Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен во родната Виена за да закрепне. Прогонуван од траумите на војувањето, Феит ќе се обиде да го спаси сопствениот живот во Месечево Езеро, мало идилично место во австриската провинција. Но, војната наоѓа начини како да се пробие дури и во најмирните места на светот и да допре до срцата дури и на најмирните луѓе.
„Под Змејската Карпа“ е воен роман заснован на историски факти и на архивски материјали кои авторот вешто и успешно ги преточува во фикција. Гајгер ѝ дава уникатност на оваа приказна за Втората светска војна така што ја раскажува од перспектива на еден припадник на германската војска кој искрено се надева дека неговата страна ќе биде губитник во војната.
„’Под Змејската Карпа’ е антивоен роман сместен во љубовна приказна… тоа е импресивна и суптилна приказна која зборува за нежноста и за топлината додека светот се распаѓа.“
„Шпигел“
„Книга за потрагата по еден изгубен свет, по еден изгубен дом и по еден изгубен лик. Но, истовремено и книга за откривањето на љубовта таму каде што се чини дека е невозможно да биде пронајдена.“
„Велт“
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Unter der drachenwand / Arno Geiger
Превод од германски: Катерина Јосифоска
Број на страници: 412
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-5058-01-3