Во оваа книга Ајрис Мердок ја истражува сложената и таинствена релација помеѓу книжевноста и филозофијата – од јасните граници кои ги разделуваат овие две сфери на човековата мисловна активност, па сè до магливите точки во кои тие се преплетуваат и веќе е невозможно да бидат разликувани. Истовремено, истражувајќи ја динамиката на тој однос, Мердок зборува и за некои од клучните теориски аспекти на книжевноста, осврнувајќи се на автори како Шекспир, Толстој, Елиот, Сартр итн.

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Структура
Наслов на оригиналот: The sublime and the beautiful revisited. Аgainst dryness / Iris Murdoch
Преведувач: Ведран Диздаревиќ
Број на страници: 90
Повез: мек
Формат: 12×16 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-4852-98-8