Миговите на раѓањето и на смртта се точките на кои е концентриран краткиот лирски роман „Утро и вечер“. Со ненаметлив и речиси медитативен стил авторот врамува еден цел човечки живот во неколку слики, обидувајќи се да ја долови суштината во едноставноста на приказната, а сепак нудејќи му на читателот многу повеќе отколку што тој може да претпостави.

„’Утро и вечер’ е едноставна приказна за најважните прашања во животот – всушност, токму за смислата на самиот живот. Фосе ги пренесува своите размисли преку прониклив и возбудлив јазик, така што е речиси невозможно да не бидете вовлечени длабоко во светот на рибарот Јоханес.“
„Дагенс Нерингслив“

„Јун Фосе често е споредуван со Ибзен и со Бекет, и навистина е лесно да се гледа неговото творештво како Ибзен соголен до неговата најосновна емотивна суштина. Сепак, делата на Фосе се многу повеќе од тоа.“
„Њујорк Тајмс“

ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Измислени светови
Наслов на оригиналот: Morgon og kveld / Jon Fosse
Превод од норвешки: Јасминка Марковска
Број на страници: 128
Повез: мек
Формат: 14 x 20 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-5058-00-6