Текстовите на Валтер Бенјамин се особено важни за обликувањето на интелектуалните струења во втората половина на дваесеттиот век и имаат огромно влијание сè до денес. Во оваа збирка се собрани петнаесет пократки и подолги есеи кои го отсликуваат широкиот распон на творештвото на Бенјамин и се движат од длабинска филозофска анализа до интимни записи во кои се мешаат фикција и автобиографски белешки.
Хетерогеноста на ваквиот избор е замислена како комплементарна на хибридниот и отворен карактер на есеите на авторот, како и на неговата сестрана и нескротлива љубопитност.
ДЕТАЛИ ЗА КНИГАТА
Едиција: Историја на читањето
Наслов на оригиналот: Ausgewählte schriften / Walter Benjamin
Број на страници: 294
Повез: мек
Формат: 15 x 23 cm
Година: 2024
ISBN: 978-608-5058-07-5